На професорот Георги Старделов, тогаш белградски студент, денес, 58 години по случката, уште не му е јасно како купиштата роднокрајни зелки што ги беше растоварал на Бајлониевото пазарче наеднаш се најдоа на врв Балканска улица кај хотелот Москва (а така беше било пишано: Москва секогаш да е на врвот) и почнаа да се тркалаат удолу, како кога пред очи ви бега голеиот сон, оној најубавиот, од детството.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
И се тркалаа удолу зелки, зелки, едночудо зелки - зелени зелки, оти тие и во сеќавањата не си ја менуваат бојата, се тркалаа удолу зелки, зелки, недобројни зелки - сочни зелки, оти соковите од младините никогаш не пресушуваат, се тркалаа севезден саде зелки - јужни зелки, набабрени од детски галежи и мечтаења, збрлавено итаа прудолу млади зелки, ненагодени и ненаносени.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)