За да ги убеди своите пријатели дека актерката ја заслужува неговата љубов, ги кани во театарот за да ја видат во улогата на младата Јулија.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Се обидувала првин да го убеди својот маж, вујкото на Ервехе, да стори сѐ што може нејзината Ервехе да не ја мажат пред време, да ја испратат да учи во Италија, имаше каде, ако не другаде, тогаш кај нејзиното семејство во Рим.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Момчињата, што го испратија до границата и што пукаа на Србите, не можеа да ги убедат своите селани — противници, — та и тие, (како Коле Куков и Стојан Салил што платија со главите за „бугарштината“ од српските жандарми, ја платија „српштината“ уште на вториот, третиот ден по идењето в село.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)