Затоа го оставаме да си тече во некој свој (некаков?) ред. = циклично време = Ова време започнува од моментот, кога громовникот Indra го уби својот противник, змејот Vrtra - во термините на IE митологијата: момент, од кого започна првиот вител на цикличното (кружно) време.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Но што беше пред громовникот да го убие својот противник, пред митолошкиот Биг Бенг?
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Лу ми раскажуваше како со недели тој и Џон јаделе само pop-corn, а пари набавувале главно од давање крв и позирајќи за таблоиди на кои им беа потребни фотографии за шокантните приказни.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Една од приказните кои оделе со Луовата слика била за некој манијак кој убил четиринаесет деца и го снимил нивното врескање, за да може после да дрка секоја вечер во шталата, а Џоновата слика се појавила заедно со една приказна за некој тип кој го убил својот љубовник затоа што сакал да се ожени за неговата сестра, а овој не сакал сестра му да се омажи за педер.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Имаше во таа негова запршка разни лути зачини: еден дебел камионџија што се заканува секому што ја оспорува историската вистинитост на неговата вера, еден ѓоа-научник што ги учи децата дека луѓето и диносаурусите се создадени во ист ден, една згодна девојка што смета дека Бог ги мрази педерите, еден пастор што намлатил дебели пари од продажба на своите молитви на ДВД, еден американски сенатор што верува во доаѓањето на Судниот ден кој ќе потепа пола човештво, еден протестантски проповедник што е убеден дека хомосексуалноста е болест, еден рабин што го толкува Холокаустот како заслужена небесна казна за неговиот народ, еден арапски музичар што се залага за верските права на муслиманите вклучително и правото на ликвидација на бласфемичарите, една мајка што ги убила своите деца затоа што Бог така ѝ наредил, еден оџа што попува дека света задача на неговата религија е истребување на неверниците, неколку мормони што веруваат дека луѓето со поинаква боја на кожата се грешни, разни исламски маченици што вршат самоубиствени акции, колони христијански фанатици што паѓаат во фанатичен транс, неколку Евреи што трескаат глава од ѕид, неколку претседателски кандидати што не веруваат во теоријата на еволуцијата...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Со крајни напори ја уби својата смрт и се реши на игра. „Без сведок ќе ви кажам се. Што и да сакате.“ Чу: „Што ќе ми кажете?“ Ги загриза усните: „Сѐ.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Не можеше да се скамени, да стане сурово молчење во себе, зашто ако сакаше да го убие својот бог ќе мораше да го стрела своето небо, тоа црно пространство под татарски голото теме, ќе мораше да го уништи разумот, сеќавањето, а оддалеку, од едно време оставено зад грбот, му се клештеа призраци - Оче Симеоне, не откажувај се од себе или удави се во буре со ракија и стани заборав.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
„Јано, Јано, Јано“, и во овој миг кога таа го нурна своето лице во неговите гради за да ја убие својата гласност, знаеше дека илјада безбојни кепеци што ги родиле грешните ноќи се збираат околу нив и ја пеат химната за една Марија со друго име и само со малку поинаков вкус на жедните усни, малку пред тоа кога му рече „Немој, некој стои таму, гледај“, и кога и рече за бронзениот паметник на поетот, со бела нишка месечина на носот: „Тој не гледал ни кога бил жив од ѕвезден песок што му ги нарасил очите“, малку пред тоа кога долго не можеше да ѝ ја откопча со одвитканите прсти црната блуза...
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Моравме да ја менуваме положбата на проекторот секој пат кога се менуваше аголот на камерата.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Хичкок: „Секако. Грејнџер се чувствува виновен - исто толку како да ја убил својата жена со сопствени раце.” •Како ја остваривте онаа сјајна сцена со вртелешката? •Хичкок: „Тоа беше најкомплицираната секвенца.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Чудно беше единствено што и Паца се чувствуваше збунета пред прашањето зошто Брзакот можел да се реши да го убие својот претпоставен.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Малата Колин изгубена меѓу бројните фељтони за Битлсите, со мноштво нови, непознати детали, меѓу изјавите на бившите, дотогашни, идни претседатели на САД за „неочекуваната и голема загуба“, изгубена меѓу урамените фотографии, амблеми, привезоци, постери, маички со Џоновиот лик, меѓу „give peace a chance“ меѓу пет луксузни стана се вкупно 25 соби во хотелот „Дакота“, меѓу неваботениот дојденец од Хавана, кој шест часа пред да го убие својот идол, ја добива од него последната лонг-плејка со автограм.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Човекот- ѕвер бил поитар од животните. Еднаш, ноќе, влечен од алчност, зад гробиштата на селото тој убил свое чукаре и веднаш ја нурнал муцката во пресните дробови на добичето, на тој црн ангел за утрешни ораници.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Кажи, го знаеш ли тој пат? ... Во стапиците на оние од Кукулино паѓале лисици, бил фатен и стар, од муцка до опаш побелен волк, еден од оние за кои се говорело дека препливуваат некоја голема река и се доселуваат некаде од Влашко.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Христијанството е создадено од Евреите, и ширено од Евреите, но “само еден дел од еврејскиот народ го прифатил новото учење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Христијанството, тврдеше брат ми, е признание на тоа убиство – преку него, со убиството на Христос, човечкиот род признава дека некогаш го убил својот татко.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)