Тоа не покажа ни знак на колебање, на уплав, или некаква непослушност на неговите наредби.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Толе му стави до знаење што го чека во случај да го предаде и се раздели пријателски, дури оставајќи на дизгот во црквата десет лири пари, што ги собра летоска од црквите по селата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Затоа и ги остави седумте свои другари над чешмичето и си отиде во честарот да ја ублажи својата тага за неуспехот, крај неговото четниче Мише Ќосото.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Едно, што го гризеше совеста за она што го направи пред два три месеца кога ги предаде четите на Маргара; а друго: со ова сакаше да го задолжи Толета и да ја ублажи својата одговорност ако излезе еден ден на видело предавството.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)