Бистриме така граматика, политика, а ветрот нѐ удира в лице, нѐ бричи на суво. Ја ваби зимата ветрот и ни ги собира очите, ни ги сменува погледите, ни ги разменува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Никој не сакал прв да стане предавник и да се склопча во лушпата на сонот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Топлината засилено им удирала в ноздри.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Јурнува надолу по скалите. Го удираат в тил пронизливи пискотници на истанчен женски глас.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Спротивно на ваквата јуриспруденцијална традиција, денеш- ните буквалистички правни позитивисти, од кои за жал голем дел постојат и во нашата академска средина, како и во судско-адвокат- ска фела, а кои истовремено се удираат в гради дека нашето право е изградено на „славните римски правни темели“ – оваа ситуација ја имаат превртено наопаку и велат: Ubi ius, ibi remedium – Каде има право, таму [треба да] има и тужба!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Арсо одеше прв, по него Глигор, се сопинаше во неговите топуци, сакајќи да го избегне топлото збивтање на полицаецот што му удираше в тил.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Вечерва удираме в темел. Наеднаш длетото отскокнува од некаков метален предмет.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)