Знаеше врз која бука од кој врв удрил гром и покажуваше на јагленот кој уште чадеше во матните далги на реката.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
- А ако удри гром! Сите ќе нè убие!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Овде, во Гогов Валог никогаш не удрил гром.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Чекав да удри гром, да плисне порој, да дојде глутница седништа, за да ја покажам својата гусарска нарав, зол секогаш, сегде, кон секого.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Од надвор дојде тресок, како да удри гром. Ама каков гром кога не светна?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Удри гром над главите створи пукнатина, белите скалила што беа спуштени, застанаа пред нозете на Дедо Мраз.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Неочекувано удри гром. Еднаш, во недела, во куќата на коларот Дојчин писнаа сурли, бесно и непријатно зататнеа тапани.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ми се крши ко суво стаклено цвеќе
во раце, под нозе, на срце
во мозокот ми удира
ме заклучува ко да сум казнета
со катанец, од надвор
правам сѐ да ме нема
можеби така ќе се спасам
ќе фатам џенем некаде усвет,
некаде кајшто никој не ме знае
и нема да му падне на памет да ме оспорува
оти такви работи не им паѓаат на ум на
нормални луѓе
ама овде сѐ е можно
овде ние не сме ние
светот е превртен наопаку
ние газиме по шилци
ако нив ги промашиме
ќе нагазиме на мина
ако неа ја промашиме
ќе се фатиме во стапица
ако и стапицата ја промашиме
ќе удри гром
ако и громот нѐ промаши
ќе се изедеме еден со друг.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„Бев вџасен. Префектот изгледаше како да го удрил гром.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
По неколку години пак го удри гром.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)