Невработените лица кои можат да бидат врабо- тени за да се уживаат поволностите од овој закон се истите оние што се предвидени со законот од 1997 година, освен невработените лица со психофизички недостатоци (чл. 3).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
8 Покрај тоа, во светлината на тенденцијата на поместување нагоре на старосната граница за остварување право на старосна пензија, оваа промена отвора простор за понатамошно намалување на бројот на невработените лица кои ќе ги исполнуваат законските услови потребни за да ги уживаат поволностите што го даваат одредбите од членовите 71 и 78 од ЗВОСН.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Невработените лица кои можат да бидат вработени за да се уживаат поволностите од овој закон се следните категории невработени лица: а) невработените лица кои се евидентирани како невработени најмалку една година; б) невработените лица на кои им престанал работниот однос со отказ поради економски, технолошки, структурни или слични промени; в) невработените лица на кои им престанал работниот однос поради стечај; г) невработените лица – корисници на социјална парична помош и д) невработените лица со психофизички недостатоци (чл. 3).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Прво, и според овој закон невработените лица можат да ги уживаат поволностите пропишани со овој закон при отпочнување со вршење дејност како трговец поединец, трговско друштво или вршење друга стопанска или занаетчиска дејност (чл. 9).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)