Како и кај Leonardo, чинот на гледањето, со кого управува духот, во етимолошка смисла настанат од theorie, theorien, ги покрива сите феномени, какви и да се и колку и a priori да се разнородни, со okno.mk | Margina #3 [1994] 19 една иста еквивалентност: од моментот кога ќе станат забележливи, кадарни да се соединат со сите нешта кои ѝ подложат на перцепцијата, и, постепено, кадарни меѓусебно да се заменуваат; исто така кај Duch- amp, чинот на гледањето, теоријата, станува спекулација не за самите феномени туку за одно-сите меѓу нив, или попрво за привидите на феномени, за комбинаториката која го поврзува универзумот во две, во три, во четири и во n димензии, и која (теорија) од секое нешто прави сенка на нешто друго, што и да е тоа, од секој облик проекција на некој друг облик во кружната игра од анаморфози која овој пат се управува според законот на една повеќедимензионална геометрија, сѐ до онаа точка кога, како што Duchamp пишуваше во Белата кутија, веќе не се прави разлика меѓу два слични облици.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Бог, таков каков што си го замислуваат луѓето, не постои: постои некоја сила, натприродна, која управува со светот, додека луѓето се управуваат според својот сопствен разум и според своите закони.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)