За времето кое е предмет на оваа анализа, овој Закон претрпел 10 измени и дополнувања43 и се донесени вкупно 2 одлуки на Уставниот суд на РМ.44 Со овој закон се уредуваат прашањата за размена на трудот, правата и обврските на работодавачите, невработените лица и државата, во врска со вработувањето и осигурувањето во случај на невработеност и други прашања кои се од значење за вработувањето. (чл. 1) Со измените на овој закон уште повеќе се заоструваат критериумите при водење на евиденција на невработените, се зголемуваат начините за нивно бришење од евиденција, се намалуваат годините кои му недостасуваат на невработеното лице за исполнување на услови за стекнување на право на старосна пензија, а кое според овој закон остварува право на пензиско и инвалидско осигурување, се дефинираат серија на субвенционирања и олеснувања за работодавачите.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)