Тоа чудовиште било побезбожно од оние на иконите на килавиот Јаков: наголемена змија со куси и криви ноктести нозе, под зелени крлушки и со крилја на лилјак; главата, со мршојадска брада на работ на вилиците, се тресела а врз ноздрите ѝ лежеле магли.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Како дише чудовиштето, со што? Дише студ за да не се усвити од зли желби. Со жабри.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Стана и отиде на прозорецот, печката зад него беше усвитена од жар, беше слободен и отпуштен, свикнат и смирен во таа темничина, како полжав под своето самарче, без никаква желба за бунење, а неговото тело не бунцаше за ниеден ненаправен чекор, само едно тивко преместување во таа просторија, во таа долина, која сега ги тераше полека сите свои жители да се јават, како при некое чудно повечерие, да испуштат од себе по некој глас, секој по некој свој писок, или по некое будно око.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)