Стрвен на секакви соништа грнчарот може да набаса на соништа што ја будат болката, на соништа мемлосани од многу влага, тадури и на соништа оболени од зломисла и тешко нему ако се засркне од таквите соништа - којзнае дали ќе успее некогаш да го допре јавето сраснато во глината.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)