Не се устремуват кон влезот, полека запираат среде двор, или не запираат, туку само побавно чекорат, ја опфаќаат црквата со очите, устите не ги вражат, само дланките што ја држат за рачињата како да се претвораат во усти и тие ѝ пренесуваат некакви сигнали, нешто како зборови што прв ги слуша и не ги разбира.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Гледано десно од прозорецот од мојата спална беше куполата на јавната библиотека на чиј врв имаше ангел, застанат на една нога, како да се устремува кон месечината и ѕвездите.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Неколку минути штама, потоа низ зидовите допираат Фјодоровите псовки, па шумот на минијатурниот клозетски водопад.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)