Со договорот за продажба на сите средства може да се утврди правото на вработените да се вработат кај купувачот, како и да се утврдат и други права (чл. 78).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Дополнително беше утврдено право на претставникот на работниците задолжително писмено да бидат известени од страна на работодавачот, веднаш, а најдоцна во рок од 48 часа од настанот, за смртен случај, колективна несреќа и повреда при работа која предизвикува времена неспособност за работа во траење повеќе од три работни дена, како и за секоја појава која преставува непосредна опасност и ја загрозува безбедноста на вработените при работа. (чл. 6 од ЗИДЗБЗР/окт.14) Овие права, покрај претставникот на работниците за безбедност и здравје при работа, ги имаат и претседателот на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на работниците таму каде што нема синдикат. (чл. 7 од ЗИДЗБЗР/окт.14)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)