утврдува (гл.) - според (предл.)

А, пак, според Законот за судски такси (2009) – вредноста на барањето, односно на предметот на спорот заради наплата на таксата [т.н. „таксена основица“], се утврдува според вредноста што ја имало барањето во времето на поднесувањето на поднесокот, односно преземањето на дејствието (чл. 18, ст.3 од ЗСТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
При тоа, новиот износ на старосна пензија за ова лице ќе се утврдува според неговиот вкупно навршен пензиски стаж и остварени плати (чл. 10). 6.  Одлука на Уставниот суд на Република Македонија, У. бр. 25/2008-0-1 од 10 септем- ври 2008 година. 103 ЗАКОН ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ИНВАЛИДНИ ЛИЦА Законот за вработување на инвалидни лица (ЗВИЛ) е донесен во 2000 година 1 и има претрпено седум измени и дополнувања, 2 по еднаш во 2004, 2007 и 2009 и по два пати во 2005 и 2008.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Климент Камилски прв сакаше да предложи листа од сто најопасни турцизми во балканските јазици со османско минато утврдувајќи според интензитетот на опасноста сукцесивно да се разгледуваат, збор по збор.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во сите други случаи, кога тужбеното барање не се однесува на паричен износ, како вредност на предметот на спорот се смета висината на таксената основица (чл. 33, ст.1 и ст. 3 in finito од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)