фати (гл.) - го (зам.)

Го фати го поткрена, па си помисли: Може ке затреба ова, никогаш не се знае, да го сокријам некаде.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ураа фати го! – викаше еден, го поклопи со самиот него, нафрлувајки му се, го дофати за задниот дел од вратот, па го закла за миг како пиле што се коли..
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Милицонерот застана меѓу нозете на мршата, подведнат и со двете раце подраширено и готови да го здобави за нозете: фрли поглед кон Едо и му рече: „Ајде, фати го за раменици...Што чекаш?...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Фати го јажето и качувај се, само губиме време! - настојуваше Глигор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мехмед бег се прелапа. Ете, си рече, фати го сега шејтанов за опаш.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој се фати за најблиската гранка, но во мигот над мене писна утот раскажувач, пред тоа во мојата сказна со име Утариус и, божем, славен лекар.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Качи се и фати го. Ќе имаме уште еден роб. - Се плашам од височина.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Македонецот ти е таков: фати го за гуша и газ дава, пушти го — газ бара...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не се срамел и не ги криел солзите, и пак не знаел дали само Никифор Ганевски е мртов од дружината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Да им помогнеме на ранетиве, рекол. - Лозане, коњон на чаушот. Фати го.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Не така, вели Григор, туку фати го за уши и тргни му ја, нагоре, главата. Истргај му го вратот, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)