Луѓето како што пристигнуваат, така фаќаат место во бавчите, на островцето каде што истечуваат изворите, крај брегот на езерото, по дворовите, спростираат ќилимчиња, веленца и седнуваат да се одморат, да јадат; како што надоаѓаат луѓето од околните и подалечните места, така сѐ повеќе се полни просторот околу манастирот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Така поп Јаков им ја објаснуваше на своите верни положбата на душата на тој век од тие што ја менуваат верата. И тоа фаќаше место.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
— Ајде, ајде мило, ајде да сториме адет, да повечераме, та да си легниме. Не ја фаќа место Миша.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)