- Стојче, како велиш ти, се мислам одамна дали да ги садам поначесто, ама пак ме фаќа страв.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тогаш Шишман рече: - Брачко, мислам оти пак ќе ме фаќа страв.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Другпат сонува како на некој празник влегува во куќата, но гледа куќата не е куќа, туку се престорила во црква; внатре попот Матлија венчава младоженци; се допира поблизу и гледа: зетот е Бандо, а невестата таа самата; но како што наближува, сè повеќе ја фаќа страв, зашто гледа: невестата не е таа, туку некоја друга жена; почнува да плаче и да го трга Банда да не се венчава, но попот Матлија му дава знак на питропот Танаско и тој ја фаќа за раменици и ја вади од црквата надвор; надвор гробарите го пречекуваат Танаска и му велат: ”Ние сме готови: го ископавме гробот”.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Кога гледам жена во црно и со подигнати раце како трча зад камионот, ме фаќа страв па си мислам зошто ли ја дотеравме дотука.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Првпат во животот ме фаќа страв од тоа да останам сама. Сега ме разбра?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
На еден агол, со крајот на окото, успевам да го видам.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ме фаќа страв, ми татара снагата и колениците, црмнуваат струи низ дамарите и не ме стигнува прашањето што го насетувам: Зошто сме олку сами!
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
По нив загната сурија со стапови и деца и војници, нит деца нит војници, викаат, се ѕверат најѕверно, ги саскаат кучињата отпаднати од редот за пцукање.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Доцна е, мрачно, ме фаќа страв, кога одеднаш зад себе слушам чекори.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)