Поаѓајќи од една Блохова определба дека „Суштественото во човекот ... е во надежта дека ќе успее“ тој го извлекува заклучокот: „Ако човекот е таков, тогаш тој е и суштество на идеологијата“, и „Идеологијата како еден корпус на идеи врзан со еден (најчесто нов) свет, со ново општествено битие (Sosein), како трансцендирање на постоечкото (Dasein) сè уште ќе биде составен дел на човечкиот живот кој ќе се обидува да ја формулира надежта, да ги определи новите граници, да го организира пречекорувањето... “.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)