фрли (гл.) - низ (предл.)

Тишина. Го дофати телефонот и го фрли низ затворениот прозорец на улица. ***
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Можеше да го крене како малечко дете и да го фрли низ отворите за џамови, ама што од тоа кога толку му сечи акалот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
РИСТАЌИ: (се шегува). А-ха, ве заплашувам: „Ќе се фрлам низ пенџере! Не давајте ме... држ’-те ме!“
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
БОРИС: А тебе ти се допаѓа. Инаку ќе викаше на цел глас, ќе се фрлеше низ прозорец.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
И еден ден, гледајќи од кој кат излетуваат птиците, и низ кој прозорец, луѓето се искачија во станот на Љупчо, тропнаа на вратата, им отвори лекарот кој во тој момент беше дојден кај Љупчо да направи визита и да му ги даде потребните лекови, и тие почнаа да викаат по Љупчо гледајќи го како држи в рака неколку направени птици за да ги фрли низ прозорецот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Кога го доискапи шишето и ѕирна низ него од грлушката до газерот, Геро свечено изјави и го фрли низ прозорецот, како попски да фрла крст на Водици: „Каде што ќе падне шишево, таму ќе го дигнеме шаторот!”.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
АНТИЦА: (си го штипе лицето). Леле, што е овој срам, ќе се фрлам низ пенџере!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Фрлив низ прозорецот, големата гилотина, уште еден последен поглед врз перспективата...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)