Само чифчиите и комшиите фрлија по некој и друг котел вода, но и тие се насладуваа на пожарот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Направивме тоа да не можеме, ете, цел месец да се прибериме дома, им го дадовме оганот на нашите села; ги оставивме жените, децата и старците да се тресат на пепелиштата, а луѓето ги фрливме по темниците да скапуваат. Ете што направивме!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А таа, сосема опиена, развеселена, фрли по мене со тетратката и повеќе формално, за одбрана на некаква апстрактна чест (ме загрижи тоа кај Луција: поимот на апстрактната чест), рече: „Свињо безобразна“, и се стрча по мене, а јас бегав; во таа наша игра веќе немаше ништо сериозно, ништо од пред малку, оти кружокот беше завршен, а чудото почнато.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кучињата чекаа пред вратата. Им фрли по едно парче, внимавајќи да не се степаат, тие ги голтнаа лакомо, речиси без задржување в уста и со широко отворени очи пак се испречија пред Бојана.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Но, Александар зеде едно пенкало од масата и нели го фрли по мене, а потоа ми го заврти грбот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Тој ден селаните молчат чекајќи кај трите даба пред село печалбарите што се враќаат да ги извадат пиштолите и секој да фрли по куршум.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Од страна на директорот се случува дури и класично демонстрирање на насилство.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, тој на неколку пати и физички се пресметува со работниците, а еден негов обид преминува и во екстремно однесување – влече работник за неговите работнички 88 алишта и се обидува да го фрли по скалите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)