Чаршијата се тресеше од тељаљите што ја објавуваа веста, калдрмата стана лизгава од расфрланите аспри ковани во Кратово, вратите на апсаната се отворија и пуштените се нафрлија врз ситнежот да зобаат како пилци, а Бошко си ги најде жената и децата дури во Бојаџиската чаршија, стуткани зад едни црвени преѓи што се цедеа на ченгел од крвавата боја.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Од нивните напукнати души се цедела на секој чекор супстанцата на животот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се движеле по патоказот на своите очи, биле дел од Европска Турција и се бореле за живот со упорност на безначајни мравки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)