Замандаливме усти, нос и уста затворивме со дланки, молчиме и страв голем ни се вгнезди во ококорените очи. И чекаме кога ќе пукне.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И реков faleminderit,28 но, не сум сигурен дали добро го изговорив зборот, зашто никој од насобраните ништо не рече, само сомнително мрдаат со глави, молчаливо стојат, со гумените опинци ја копаат и ја бришат земјата од под нозе и ми се чини дека одвај чекаат кога ќе нѐ снема од пред нивните очи.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Прво тетка Перса се прекрсти и ја бакна Богородица, ја натера Пеличка да се прекрсти и кревајќи ја, да ја бакне во златното лице, дури потоа Пелагија застана пред Богородица и долго стоеше со подзамижани очи, со жесток прекор во срцето, мигум се сврте тркалото на нејзиниот живот од она попладне на нивното сретсело сѐ до разораната нива во бескрајната Војводина и сега ѝ се чини дека сѐ уште лежи со раширени нозе, и тоа трае, трае, Перса ја кренала Пелагичка и ја притиска силно на своите гради и чека кога Пелагија ќе се сврти и јурејќи ќе излета од црквата.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)