При разгледувањето на поранешните ракописи, читајќи ги десетината првични песни на таквото доживување на Рацин, како навраќање на нив, ги напишав првите и последните стихови на Реквиемот, со сензибилитетот и со поттикот тој да заокружи и заврши со духовното и поетичкото искуство на сегашниот миг на моето творештво.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Каква болка може да носи рибата под студените перки. „Момче“, суво воздивна без љубопитност мерејќи ги неговите широки раменици. „Читајте ги Давидовите псалми и не додевајте ми веќе.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Прекрасни описи, нормално и содржината, и додека ги читам ги имам пред очи сите случувања како на филм.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Земи го Молитвеников што ти го дадов и читај ги молитвите со длабока верба, но имај на ум - Господ им помага на оние што сами ќе си помогнат.”
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Зад иконата во собата, Висар наоѓаше црковни книги; читајќи ги, му стануваа сѐ поинтересни: соништата сега му беа исполнети со рајски убавини и чуда; тие книги сега не му даваа време да размислува за смртта, за стравот од Зенула; престана да размислува што ќе биде кога ќе му го забуца куршумот Зенула: како ќе изгледа тој бодеж: ќе личи ли на трн, на игла или на врв со нож; и кај може куршумот да го погоди: ако го погоди во нога - ништо, ако го погоди в рака - пак ништо; знае дека можат луѓето и без рака и без нога; но ако куршумот го погоди в глава, в срце, што навистина се случува тогаш со човека: како настапува смртта, како изгледа тој миг?
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Читајќи ги тие книги, дознаваше дека, всушност, не постои никаква граница меѓу животот и смртта: сеедно е дали овој живот овде го живееш или оној другиот горе: никаква разлика во тоа нема.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Читајќи ги очајот во очите на сонародниците, омразата во очите на домородците, тој уште поупорно ја тренираше својата издржливост, го зголемуваше своето знаење.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Пушам читајќи ги овие графити, замислувајќи си како изгледа Дуле со крваво око, Марко со фластер на увото и Мери со завој на носот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
1919. Борхесови заминуваат за Шпанија, најнапред во Барцелона, а потоа во Палма де Мајорка. Учи латински и арапски.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Пишува стихови на француски и англиски. Ја завршува гимназијата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Борхес учи германски читајќи ги Хајне и Шопенхауер, Мејринк и германските експресионистички поети.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Семејството пак се сели во Севиља, па во Мадрид.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)