чита (гл.) - молитва (имн.)

- Каква жена! шепоти тивко, смирено, како да чита молитва.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Додека попот штракаше со кадилницата над ковчегот од Мил и му читаше молитва, слепата Донка рошна по џебовите и извади една книжна пара за да ја стави на иконата на Св. Богородица; парата ја жулкаше со рацете, ја меткаше, постоја малку со неа в рака како да се двоуми, а потоа ја стави на иконата; алкајќи со прстите, ги собра ситните железни пари што ги имаше на иконата ги стави в џеб.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Виде отец Иларион дека љубовната болка силно ѝ ја разнебитила душата, ја разорила, и ѝ читаше молитви за да ја успокои, да ја оттргне од депресијата, за да може да се совземе, да ги оттргне мислите од тоа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сите тие подаваа пари со трепетливи раце а по некои мрдаа со усните божем читаа молитва. Црвената капа отежна као ќесе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Чавките крадат, гавраните му читаат молитви на ѓаволот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)