Потоа заедно доручавме и ми раскажаа со каков бол и плач ги читале моите писма.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Се присетував на едно татково кажување кога ги читаше моите пресмели текстови.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И си реков: зошто не го удрив оној ден со бокс по муцката Фисот, кога ме исмејуваше читајќи мои стихови?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Заминала дома со плачење, и цела ноќ ги читала моите песни; се проверувала себеси и својата партиска совест, и во песните не нашла ништо посебно штетно за Партијата и здравиот народен дух, освен што и понатаму мисли дека тие песни биле несоодветни за приредбата во училиштето.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Новиот бог застануваше пред мене со раширени раце полни со глина, и со прониклив, пророчки поглед љубопитно навлегуваше во мене,копаше, ги читаше мојот крвав пергамент и го препишуваше со глината.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Сакаше да ги чита моите статии, записи и коментари.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Како да ги чита моите мисли, Филозофот погледна во мене и рече: „Словата се отровни за души неподготвени за чтение.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)