Јас пак повеќе сакав навечер да читам или да работам над оној мој есеј или да правам анотации во врска со некоја нова тема или просто да ја слушам како шлапка водата на езерото и да гледам во гребените околу, чувајќи ја својата тага.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
И за оној што чита или слуша, на крај не е важно што точно сакал да каже оној што пишувал или оној што зборува.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Промена на умот (реформатирање) може да се случи само во услови што ја дуплираат “домашната култура”. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 32 Тимоти Лири ЕЛЕКТРОНСКИ КУЛТУРИ Ако родителите не читаат или ако дома нема весници, списанија, книги, децата се во голема мера хендикепирани кога срамежливо (или дрско) ќе влезат во застрашувачката, обезличена првоодделенска училница. (Многу добри учители го разбираат овој принцип, па ја претвораат училницата во домашна атмосфера на поддршка.) Сите ние ги чувствуваме импликациите за реформатирање на умствените фајлови (широко познати како помош во читањето).
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Културите или индивидуите кои сакаат да се променат мораат да користат различен јазичен медиум.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Не може да биде писател оној што не сака да чита или што вели дека му е досадено да чита туѓи дела или оној што лесно се проектира во смешната ситуација на Гвендолин Карду, ликот од пиесата „Важно е да се викаш Ернест“ на Оскар Вајлд.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Во автобусот го чека меко место, со масичка пред него, весник ако сака да чита или слушалки ако сака да слуша музика, а патем има право на едно кафе или чај со неколку бисквити.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
По ручекот седеше во својот лигештул, со весникот преку лицето и радиото до увцето, при што не се знаеше дали чита или дреме, зашто скокаше при секој невообичаен шум.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)