Како да беа во синџири; нозете тешко им се одлепуваа од земјата. „Што има во таа каса?“ Одеше бавно за да може да ги израмни чекорите со нивните. „Пари“ , му одговорија со безбоен глас. „Во челични каси не се чуваат игли за шиење.“ Рапава смеа му заигра под грлото.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)