чувствува (гл.) - некој (зам.)

ВО БРИСЕЛ не се чувствува некоја особена живост поради Светската изложба, барем така овде велат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Па сепак, продолжи да чувствува некое необично неспокојство, во кое имаше страв измешан со непријателство, секогаш кога таа ќе се најдеше во негова близина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, кога тој се појавува, беспомошен млад човек, облеан со солзи и со болникаво бледило, наспроти сиот бесен врисок на мнозинството околу мене, во себе чувствувам некоја нејасна сродност со него.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И покрај интензивните дружења пак чувствував некоја голема празнина.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- Значи, овие црни водје ќе истечат, ќе се избистри водата, - му велам на Турчинот и при тоа чуствувам некој радосен подем во градите.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сцената си постои, артистите си постојат, јас не сум ни сценарист, ни режисер, а сепак, чувствувам некоја одговорност, божем јас сум тој кому ќе му замерат за поредокот на сета вселена, за хаосот и за редот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Што?“ праша авторот. „Чувствувам некое надојдување во дојките...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Иако и самиот чувствуваше некоја посебна гордост што е Германец.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Митра ги слушна сите зборови што ги изговори Чана и во себе чувствува некоја посебна среќа и гордост.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Вера почнаа да ја фаќаат овие зборови на Пера, но истовремено како да чувствуваше некој стреж.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Флерт. 96 okno.mk Вечерва чувствувам некоја чудна животна енергија, некој посебен флерт помеѓу моето тело и моите мисли.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Има мигови во кои лудите се издвојуваат од својата не-реалност, и во таа кратка пауза во времето чувствуваат некоја повисока реалност, како некакво претчувство за крајната испреплетеност на судбините кои сочинуваат соѕвездија на Земјата, кои можат да се видат единствено од некоја далечна ѕвезда. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Човечките судбини во Гнездо плетеа чудесни, честопати невидливи мрежи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Заминуваш. Пред да се појави светлината насетуваш и чувствуваш некоја неодолима не-човечка топлина се вселува во светот во којшто сѐ уште живееш и ти.  Потем светлината сама ти ги отвора очите.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Богуле го слушаше со отворена уста сиот внесен во она што го раскажуваше Илко и чувствуваше некое задоволство и радост што дедо му, нему, како на возрасен, му ги раскажува овие работи. X Камбаната на црквата уште од зори удираше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)