Брзакот, набрзина, некако исплашено, погледнува в лево и в десно, ги протрива китките на двете раце како уште да ги чувствува последиците од лисиците и, потоа, бавно станува од столицата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во последните пет-шест години, додека таа сè уште работи во ДУТ „Спектар“, работното време воопшто не се почитува, па често се случува да се работи и по 12 часа, а работниците се принудувани да работат и за викенди и празници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Следствено на тоа, во наредниот период, почнуваат да се чувствуваат последиците од лошото стопанисување со установата, а вината за таквото работење едноставно се префрла на самиот угостителски објект.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Покрај ова, значително се влошува работната атмосфера и почнуваат да се кршат работничките права на тамошните вработени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Сите приходи кои доаѓаа од угостителскиот објект се слеваа во централната благајна на установата, но за возврат таа воопшто не вложуваше во угостителската единица.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Праксата на ова инстант богатење на директорите значително ја ослабнува фирмата и, после извесен период, почнуваат да се чувствуваат последиците од нивната алчност и неодговорност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)