И покрај огромниот восхит што го чувствувам кон него, стравувам од она што не чека.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Во медицинските кругови таквите пациенти се нарекуваат “хистерични”, “хипохондрични”, “лажни пациенти”, и со разни други имиња што ја изразуваат аверзијата што се чувствува кон оние проблеми кои не се вклопуваат во прифатениот модел (Ford, 1983).
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Учествував во драмската секција уште од второ одделение и не можев да не одам на тие проби, и покрај целиот отпор што го чувствував кон неа.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Се обидував да ја оправдам поради големата жал, што како сестра ја чувствуваше кон мама, но сепак...
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Сега Рози беше толку убедена во ова, така што стравот сосема ѝ исчезна, а горчината што ја чувствуваше кон Френк беше заменета со нежност и топла љубов.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И кажи ми: кои зборови љубов силна чувствуваат кон зборот пие?“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Бојан гореше од желба да испука еден, два фишека, да му јави на старецот дека го чул, но гневот, омразата што ја чувствуваше кон волците, го спречуваа.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Дури и да завлезеа понекогаш во некоја расправија што би можела да се претвори во кавга, почитта што Бојан ја чувствуваше кон возраста на Кирил, го задржуваше од натамошни расправии, го присилуваше да се согласи со него, да попушти.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
А како се определивте да станете лекар? Поради восхитот што го чувствував кон медицината. Кога ги гледав лекарите, мислев дека тоа е најдобро.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Ахил се помирува со несомерливиот јаз меѓу чувството и неговиот израз дури при својата последна средба со Пријам, кој му дава пример како да живее со него – како да го пополни истиот тој јаз.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, мачната многулисна потрага што го сочинува тој роман – Хамберт Хамбертовиот „подвиг... еднаш засекогаш да ја проникнам погубната чар на нимфичките“ – произлегува токму од опачната природа на привлечноста што раскажувачот ја чувствува кон пубертетликите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тогаш целото човечко општење и целата човечка општественост ќе се распаднат, а предивото на човечката односност ќе се расука – како што некое време се расукува во мрачниот дел кон крајот од Илијадата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Откажувајќи се од секаков обид да го искаже она што навистина го чувствува кон Ахила, Пријам, несебично решен да си го откупи од Ахила трупот на мртвиот син, Хектор, му ги бакнува рацете на оној што му ги убил децата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа славна и патетична постапка не ги преведува Пријамовите болка и гнев во јасна јавна форма.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
(Не ми паѓаше тогаш на памет дека некакви во мене присутни самоомраза и интернализирана хомофобија можеби биле причината за праведната одбивност што ја чувствував кон нивната самоомраза и хомофобија или кон она што мене ми изгледало така.)39
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кон него го чувствувам истото она што Фауст го чувствувал кон природата кога воскликнал: „Каде да те дофатам силна природо?“
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Кон таа крв чувствуваше некаков зазор, дури и Мојсеј, кој на еврејскиот народ му бил ослободувач, законодавец и основач на верата, го прогласуваше за не-Евреин, а од секоја негова реченица во која се наоѓаа не-Евреинот Мојсеј и Евреите, можеше да се почувствува што тој чувствува кон не-Евреинот, а што кон својот народ: „Како е можно еден единствен човек да постигне такво нешто, од индиферентни поединци и фамилии да формира народ, да му втисне конечен карактер и да му ја одреди судбината за цели милениуми?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На крајот од „Мојсеј и монотеизмот“, брат ми ги обвини Евреите и за страдањата кои ги имаат претрпено низ милениумите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)