Брат ми седеше на креветот до мене. Го чувствуваше мојот страв.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
-„Колку може да биде скапа надежта на двајца млади луѓе?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Татко ми сигурно ги насетува моите мисли и ја чувствува мојата осуда, што ниту со еден збор ништо не ми кажа што зборуваат потајно со тетка Рајна. Се криеја од мене.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Те чекав на крајот од сонот, беше толку блиску до мене, го допирав твоето лице, на глас го изговарав твоето име, ти го чувствуваше мојот копнеж да те претворам во совршенство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
„Не плаши се,“ ми рече, и ја стави дланката од својата десна рака на мојата лева слепоочница. Дланката му трепереше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но вујче си остана маж, тојчас на ништо не се обѕрна, сѐ така силно ме држеше во себе (сигурно не го чувствуваше мојот бол), сѐ посилно ме земаше во себе незапирливо викајќи: Сакам да ми веруваш, Леме, внученце!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Омразата не може докрај да се разбере, ниту пак можат да се знаат нејзините изворишта, како што и среќата, како што еднаш рече Сара, не може да се дефинира, таа се чувствува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мајка ми ја чувствуваше мојата ранливост, и ја зариваше во неа својата омраза.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)