Беше во најубавите години кога се знае и се чувствува полната вредност на животот; ги победи сите противници и беше помоќен од кога и да е порано; со длабочината на својот пад можеше да ја мери височината на својата моќ.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Не знаеше како да ја почне сликата, уште помалку како да ја заврши, но се чувствуваше полн како осило гнездо, во кое има и отров и мед, и страв и смрт.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Стана почувствителен за работите околу себе. Го навредуваа некои предмети кои порано не ги ни забележуваше.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Јас пак, како ретко кога, ги чувствував полните гради, како да сум го нашол, како што бев прочитал кај Хадријан, резето кое нашата волја ја поврзува со нашата слобода.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)