Уште на пет чекори пред општината, а Дуче веќе чука со двете големи вретена на него: дангара, дамбара, дангара, дамбара, — мава Дуче колку што може и не може и знае дека далеку се слуша неговиот барабан, иако сам ништо ве може да слушне, бидејќи беше глув на двете уши.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И саноќ само на птиците помислувам со питагорејски молк: оние кои никогаш не запеале во туѓа татковина. Една од овие птици чука со клунчето на прозорецот и вели: ќе си запееме, заедно ќе си запееме... ***
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
И на птиците - еретици, помислувам, кои слетуваат право во пазувите на жените и во нив заспиваат како во библиско горје.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Господе, ништо полошо немало кога не знаеш јазик, кога цел ден молчиш како нем, како вол и чукаш со чеканот; одвај чекавме навечер со Анастаса да се видиме, да си поразговараме, маките да си ги кажеме.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ко некогаш не е во моето село, - снопје да се чукат со лескови вили, - растат нови луѓе, иде нова смена, - ко в приказна чудна селото се мени!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Царот останал вџашен од бистрината на говедарчето. (Бидејќи секоја капка дожд во април и мај месец чини колку еден златник).
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Отишол на исток, се спуштил на југ, запад и на крајот изморен се вратил без да го најде синот.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Затоа постојано чукал со чекан.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Од џебот извади огнило, кремен и трат. Тратот го намести на кременот и почна да чука со огнилото.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Стои Толе над посатките и сеедно зборува: - Стомниња, бардиња, грниња, вика, не ќе оди ова за многу и мечката од Москва ќе се опсени и за нас, стомниња, бардиња, грниња и ќе видите, вели, како што слушам јас, стомниња, бардиња, грниња ќе прави војна и за нас, вели, па уште ние останавме без држава, вели, стомниња, бардиња, грниња, на сите околу нас им даде, вели, стомниња, бардиња, грниња, зар другите ѝ се породнини од нас, вели и ги крева стомнињата едно по едно, го чука со претите и после дува во нив да видат луѓето дека никое не тиши.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Чукам со пиралката и ги плавам алиштата мои и од Јона, се наведнувам, а мачно ми е.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)