„Според ова, кај нас и во наши услови, секој секого ебава,“ шепна некој од средните клупи во редицата на левата страна во предавалната, во која беа сместени осамените срца на возраст од седумдесет до осумдесет години.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тогаш сметав дека станува збор за екстаза во која највидно место заземаше токму страста.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Многу пати кога ќе се приближеа до моето уво нејзините усни за да ми шепнат некоја тајна, со нејзиниот извезен шепот наидуваше и гризот за кого помислував дека остава и трага.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„А што му знаеш каде ќе го опне сега, може многу лесно и на нашине темели“, - шепна некој.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)