Желна за дом
Шетаат
духови во куќата
јазикот е претворен во крцкање
шушкање, лелекање, логореа
недостига визија, провидение, битие
животот е патување кон неартикулираното
дури и бездната има форма
и хаосот има
твојот Дом нема
затоа што Овде -
да се нема
значи да се изгуби
тоа што се имало
значи, некогаш си имала
а
сега е време за мечта
мечта со волшебна моќ
а не
обична надеж.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)