Сите овие денови, додека се шушкаше дека некаде се крчка некој политички договор за примирје, од нивната позиција преку двогледи гледаа како долу во градот секојдневно минуваат возила, бели џипови со црни таблички и по патот се искачуваат нагоре кон селата, па потоа повторно слегуваат надолу, побргу отколку што се качуваа.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Почна да се шушка дека организацијата фатила корен и во гардата, па дека дури им пристапил и еден полковник.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Колку и да не сакаше да си признае, и тој го чувствуваше гневот на претпоставениот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Откако и по десетина дена од него немаше ниту трага, ниту глас, почна да се шушка дека ова и за ѓаволестиот Ѓоше е премногу долго.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)