Почнаа да се ѕверат низ честарот, погледнувајќи ги своите другари лево и десно, а селанецот го забележа Белчета во букашот, си ја поткаса долната муцка и подзина да викне, но во тој момент Толевци изрипаја од карпите со страшен натприроден вик и ги фрлија готовите бомби кон групите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И сеедно колку небулозно и лудо да звучи, се соочуваме со два факта, што несомнено важат: просечниот Американец минува седум часа дневно, така што се ѕвери низ прозорецот во “електроносферата”, и 600 000 деца за минатиот Божиќ ги употребуваа ракавиците за да ги пикнат рацете низ тој прозорец.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Сакаше да се врати назад, да му рече на чаушот дека ништо нема, ама овој ја забележа неговата забуна, се стрчна со навртена пушка пред себе и го виде ранетото момче.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се разнесе грмогласно „ураааа!“ од четиристотини грла и залпови од пушки.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ај анасени, бре коџабаши! Јас оставив осум вчера, каде побегнал едниот? — му се обрна на коџабашијата и почнаа обајцата да се ѕверат низ смреките, затресени од страв да не им скокне сега тој што го нема.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)