Вака ми е пријатно и убаво. Извиткан сум со шалчиња околу вратот, главата и лицето, па само очиве ми ѕиркаат кон ушите од магарето.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Низ отворите меѓу штиците на сточниот вагон, Јаков ѕиркаше кон небото на кое наеднаш му се стори дека го виде Шабтај, кој оттаму му се насмевнуваше како тогаш, на првата вечер од последната Ханука, како да се сите дел од некој голем и непознат празник што се одвива далеку, на небото.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)