Еве ова се трошките од мислите кои ми минаа низ глава и за кои имав толку многу тешкотии за да ги изразам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Климакс Некаде прочитав дека само невоспитани деца поминуваат низ тежок пубертет. A прости, необразовани жени тешко поминуваат во климакс. Aма и за споменатите, и за другите, сепак, тој има заеднички симптоми: - силни врелини кои ве обземаат одеднаш само во одреден дел на телото,како да го печете во рерна или го дувате со врел фен, - капки пот што по линијата на веѓата се спуштаат по рабовите на лицето и буквално капат додека стоите во автобус полн со луѓе закопчани до грло во топла зимска јакна, - отсуство на желба да бидеш интимен со некого, па дури и со љубовникот,а за со мажот ич да не зборуваме, - силни налети на нервоза, во која трчаш низ куќа и бараш некого буквално да го изедеш, - чувство дека си болна од сите болести што ги прележале твоите пријателки и дека ги имаш истите симптоми на сите епидемии, птичји, свински, грипови, грутка во грло, јазол во желудник, срцебиење, камен во бубрези, тиња во жолчка, - потреба од „шопингување“ на енциклопедии за здравје, здрава храна, вежбање пилатес дома и во друштво, - отсуство на секаква желба да одиш по гости, а уште помалку некој да ти дојде, - убеденост дека си најпаметна, - ама и потреба да се биде зајадлива, џангризава, самобендисана, лоша, злобна и одмаздољубива За среќа, ова трае само десетина години и, кога ќе помине, сè се враќа во нормала, освен некои небитни промени: мажот си заминал, а не си ни забележала, децата не заминале, останале, ама ти се лути до смрт, а ти повторно со истата сила и енергија како од младоста, се трудиш да им угодиш во сè, ама нема „feedback“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Бевте во право кога велевте дека во текстот беше изразена толку силно хармонијата на еден маж и на една жена низ нивната тишина за што тешко можело да се најде друг пример, слика на една чудесна убавина, која трансцендирајќи секаква друга конкретна реалност, ја чини вистински амблемска.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Инфиделитетот, неверувањето е нашиот непријател, не станувајте опсесивни, фригидни, нека не ве обзема негативна инфлуенција од некој лош настан.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Почнете да размислувате како може да надоместите за тоа што се случило, како можете да го извлечете најдоброто од тоа и да доживеете сатисфакција од сопствените животни избори.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Штом ќе завлезете во павилјонот, а тој е, речиси сиот од бел и сив мермер, чувствувате широчина и ве обзема некоја пријатна тишина, особено ако погледнете во пејсажите на најубавите југословенски езера и на Јадранскиот брег.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Познато ви е тоа чувство на неодреденост но и на постанатост што ве обзема откако ќе втасате на целта: знаете дека морало да се случи она што се случило па сепак стоите изненадени дури и оџагарени пред вистината дека вашата замисла се обистинила.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Така, можеби, ужасот кој ве обзема пред Атеистичкиот музеј го имал помалку за причина фактот што оваа доктрина го негира, како што означува и самиот наслов, постоењето на Бога (после с, дури и меѓу верниците кој би можел вистински да каже што значи постоењето на Бога), отколку волјата да се негира постоењето на душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)