ве (зам.) - слуша (гл.)

Јани, кој досега незаинтересирано слушаше, наеднаш живна и рече: - Море што ве слушам и гледам...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Си дозволив да Ве слушам, бидејќи ме привлече Вашата мисла. Се согласувам со Вас во потполност.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- Не знам баш дали заради тоа, или затоа што уживаа без нас.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Дека ве слушаат вас, затоа им биле такви – рече Игбал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За вас друго чаре нема, пријатели, освен да седите в дупки скриени дури да си намножите челадта, да после и ако изедуа мачорот по некој глушец од синои ви, што не ќе ве слушаат и од дупка ќе излегуваат, нема ништо тогај - речете на десет една и друго ништо.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Што оти му се обраќате, не ве слуша, не ве гледа, повеќе ништо не го интересира на земјата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Можете полека, нежно, како што снежи од небото снежно, можете тихо, леко, како што паѓа пердувчето меко, како што шепоти трева кога расте, и како што сонот доаѓа, се пласти, - можете да побарате и да замолите, скромно, тихо, со смирена душа та секој да ве разбере, та секој да ве слуша!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Можете да викате, да се лутите, да беснеете, можете да крескате, да се буните, да се смеете, можете како гром да трескате, како ѕвонец да ѕуните и чудно да ви биде, и мачно да ви биде на душа - што никој не ве слуша!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Еве, ветувам, ќе ве слушам сѐ додека не се врати баба, додека ќе бидам сам! Те молам, тато...“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ама онаа, Љуба на Кошевецот, ја сосипа: „Немојте така, госпоѓо комесарке, оти овие што ве слушаат може и ќе ви поверуваат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А велат, кој ќе ѝ поверува на жена му на Комесарот најмилото му се нафрлува уште истиот час со струпки“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)