Секоја година православен календар ви давам, апчиња една торба, молби за Социјалното.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Но за тоа подоцна, оти времето не е стигнато, о возљубени; а јас сум познат по тоа дека уживам да сочинувам слова секакви и да си измислувам свои истории што воопшто и не се случиле, ама да изгледаат така како пред очи да ви се; и знам сказанија да преподавам така, со прекини; по малку да ви давам да вкусувате од собитието, од слаткиот мед на историите, како на изжеднет вода што се дава во пустина, капка по капка, за да не го усмрти заситувањето на жедта, на потребата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Еве. И другпат подобро чувајте го. Најдобро в џеб. Футролата ви дава опасен изглед.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
- Ви давам што се нашло, вели Огнен Ѓорго, лабаво јадење.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Беше пијан, со надеж подзеде шоферот. - Ви давам збор, беше пијан.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
А сум ви давала и леб и вода, вели и тивко потплакува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Што ви дава повод да мислите дека сум капетан?“ се реши.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
ХЕРЦОГ: Доволно ви давам.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)