- Е, другар Палигоров, кога не можевте и не сакавте да го разберете Татко по толку години работа во Архивот... сега ви останува многу малку време за тоа...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Ако сте решиле да разгледувате некој павилјон, на патот до него ве сопираат низа други интересности, и, така, додека дојдете до бараната цел, гледате дека денот веќе изминал зашто, како на филмска лента и со филмска брзина, пред вас неусетно се редат - од павилјон до павилјон - мали и големи впечатоци и со нив толку се заситувате па и не ви останува време за да ги средите.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
„Што мислите ќе биде ли среќата, среќа во чиста форма?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ќе избришете се и тогаш ќе ви остане гола среќа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Загинавте вие во битка за робот, на тврдоста жртви со бунтовни глави, небележан тука ви остана гробот, и на него нема кој венци да стави.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Не оставајте го залакот недојаден, ни вели, некој роднина ќе ви остане гладен.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А ако не достискате, им шепотеше во себе, - ако не докрепите, тогаш нема да ви остане ништо ни за раскажување.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Вам ви останува правото по излегување од затвор да побарате начини и патишта за разрешување на неусогласеностите помеѓу вас и божем оштетената Басотова доколку и понатаму ќе сметате дека тврдењата на двете страни, и после овој увид, се спротивставени.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тоа е единствената можност да се продолжи со утврдувањето на фактичката положба, се разбира под услов судот да ја прифати вашата пријава како валидна“.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Бегајте, инаку ќе ве подберам та ни едно ковче не ќе ви остане цело.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Главата како да ви е полна со песок, - велеше, ништо не ви останува во неа, па потоа си го засукуваше мустаќот и неуморно почнуваше отпрвин.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тоа ви останува вам, вие да го решите.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Бае којшто бае, Трансибирската остана да ви лета како црна птица во белината на сните, како што ветрот ви остана единствен патоказ напред, кон бистриот извор на детските мечти.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)