ви (зам.) - пречи (гл.)

Воопшто, дали ви пречи таа очебијна инкопатибилност на вашиот сенс за естетско со доминантната естетика диктирана од тие пар бедни бирократи?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Господине Станковски, дали ви пречи што ја разбивате рамнодушноста на луѓето, или токму тоа е некаков тип на мисија?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Мечка страв - мене нестрав, бидна и таа работа: - Госпожа Џун, морам нешто да ве прашам - ви пречи ли вам тоа што ние гласно гледаме филмови?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
А ви пречи ли вам што јас пушам на балкон?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Мажот со цигарата меѓу прстите, онака формално, ги прашува оние кои се уште јадат: - Нема да ви пречи да запалам , нели?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но тој им велеше: „По ѓаволите фатете, што ви пречи!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
ЛЕНА: Истрагата покажа дека тоа било несреќен случај, невнимателно минување преку пругата. (Таа станува, ги зема шољите и се упатува кон самоварот.)
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
САЗДО: И не ви пречи дека знае кој е вистинскиот виновник за смртта на вашата снаа?
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
САЗДО: Проштевајте...јас секако ви пречам но морав да дојдам. Лудиот немо го посматра.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
А ако сакате и вие да имате такво нешто - направете си... Никој не ви пречи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И затоа истерајте го од вас она што ви пречи и што може да ве изопачува и да ве оттуѓува од другите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)