ви (зам.) - раскажува (гл.)

Туку да почнам да ви раскажувам.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
За ракописот на татко ми да не ви раскажувам. Тој вели дека си го расипал со пишување рецепти.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сакате ли да ви раскажувам какви тревки има на земјава?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не, не ... не мислев дека едвај чекам да го видам нејзиниот погреб, туку сакав да речам дека малку ќе ви раскажувам и за нејзиниот живот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
„А тилот може да си го види само пресечена глава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А, брат ми пак, пред тоа, еднаш беше дури и на снимањето на филмот, кај нас во Шутка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Имаш чуено, како да не! Јас ви раскажував, а мене мајка ми ми раскажуваше кога се врати лани од Канскиот филмски фестивал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)