ги (зам.) - впрегне (гл.)

Радост завладеала меѓу луѓето. Го врзале змејот со синџири и фртоми, ги впрегнале сите волови во селото и го искачиле змејот на брегот, го донесле до големата дупка - сандилија, на која дното не ѝ се гледало - и го фрлиле змејот внатре; ја наполниле дупката со големи камења и ја зарамниле со земја да нема трага од змејот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
За нив, доволно било да ги пружат рацете, да ги впрегнат прстите и да си ја наполнат шаката со храна од некои од фишеците на соседите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но колку и да ги впрегнеа силите тројцата суруши од петтата колонија, сепак, новите дечки и серачи по интернет не замолчуваа.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Кому му се нозете лесни и снагата јака нека биволите веднаш ги впрегне во коли и тргне во Стан.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Раскостеното пајтонче ги впрегна сите коњи и со крајни сили ја искачи угорницата, за потоа олеснувачки и продолжително да се испрди на преслапот победоносно влечејќи го откачениот ауспух.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Нему му беше нужен цврст, непомирлив противник што ќе ги впрегне сите негови сили, што ќе извлече и некаква скриена сила и лутина, а Јурукот се покажа над сите очекувања.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)