Повторувањето на познатото, дури и ако е вистинито, станува помалку возбудливо одошто давањето свој придонес во ученоста.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Гледиштето дека неговите учења радикално прекинуваат со традицијата е едно од оние нешта што го прават Дерида во голема мера дел од неа.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Забележете дека на модернистичкиот етос не му недостасува единствено почит; тој исто така позитивно ги вреднува иновациите.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ја замолив Еми да ги вреднува овие анти-аноректички состојби: Дали таа ги смета за попривлечни и пожелни правци на развој во нејзиниот живот, или пак за тривијални и непривлечни?
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
За еден настан да содржи посебен излез, мора да биде оквалификуван како таков од самата индивидуа.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Следејќи ја идентификацијата на настаните кои се кандидати за статус на посебен излез, важно е тоа што индивидуата е повикана да ги вреднува тие настани; дали се оценети како значајни или како небитни?
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ова доведе до идентификација на различни настани кои имаа анти-аноректичка природа.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
И тој меѓу нив се чувствува како дома, го зборува нивниот јазик, ги вреднува нивните умешности и го цени нивниот труд.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Мојот пријател Едгар Морен, умее многу поуспешно од мене да ги вреднува високите книжевни достигнувања на Старова, автор на една магистрална книжевна хроника за едно семејство во текот на XX век што претставува несомнен придонес за нас западните Европејци подобро и подлабоко да ја разбереме балканската историја низ впечатливи филозофски метафори.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Луѓето ги вреднуваат сликите според нивната хировитост, каприциозност и ексцентричност, но кога јас ќе направам нешто слично, обично ми велат: Немаш право на тоа, ти не си повеќе дете.”
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
За Дибифе, детската уметност нуди нешто повеќе од речник на формални помагала.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Како воопшто мислиш да преживееш ако не направиш конкретни работи што ова општество ги вреднува?
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Моралните убедувања, односно убедувањата што ги вреднуваат постапките во однос на тоа што е, во нивните мотиви и последици, добро, а што лошо, се обично посилни од убедувањата од друг вид и во судирот со нив преовладуваат, а воедно се подложни и на воопшување. Што е опасно.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Императивот на општоста на моралните осуди може во еден свет на културни разлики брзо да се преобрази во империјализам, ако обврската што ја чувствуваме кон она што го нарекуваме “наш идентитет”, во однос на другиот ја разбираме како “понуда што е невозможно да се одбие” и му ја наметнуваме без за него прифатливи причини.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Убедувањето дека мораме во одредени ситуации да постапиме на одреден начин и никако поинаку, содржи во себе и барање другиот во еднакви околности да постапи исто како и ние, како и морална осуда на сите оние кои не постапуваат така.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)