И Грција нека не затвора бесно, и нека ги граби, и пцуе, и гони паталците наши во кралството тесно, што плашливи само го крепат евзони.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Точно ли е дека Трајко го убиле долу на пазар со железна шипка затоа што стапнал на ногата на некое турско ловџиско куче. (Пауза) А Марко го обесчестиле и ќерките му ги грабиле трговици. (Пауза) И Горно Село запалено, а селаните заклани? КИРО: Точно е.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Не можејќи да откријат кој ги организира луѓето да не даваат продукти за војската, да не ги извршуваат нејзините заповеди, командантите ги претепуваа или ги истепуваа повидните мажи, ги палеа куќите и копите, ги грабеа добитокот и живината.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)