ги (зам.) - гребе (гл.)

Набрзо потоа се случи и она, претепувањто на луѓето од началството, кога мајорот Загориќ и неговите катили со ножици им ги сечеа меса од мускулите на мажите и со скршени срчи им ги гребеа писките на нозете.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Давав отпор, плачев, ги удирав и ги гребев страшилата пред мене, додека лицето не ми се облеа со крв, додека не ми се затворија очите од отоци.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Еден млад човек забодува игли во своите прсти, ја корне својата коса, ги гребе своите образи, удира со главата од ѕидот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А за тоа, за да бидат српските војници толку погани со жителите на Потковицата, имаа посебни и нерасчитени сметки уште од времето кога српските четници, оние на војводите Јован Бабунски и на Вангела Скопјанчето токму овдека, во Потковицата, беа претепани и понижени.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Другите ја прифаќаа како силен одглас што ги гребеше ушите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога го прашуваат зошто го прави тоа, одговара: „За да бидам жив.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)