— Аскерот ни иде по трагата и бргу ќе нѐ открие.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Мајка во своите молитви најчесто го молеше Севишниот да ги доварди нејзините чеда и татковите книги.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Се најде кој ука да ми дава како се варди пламенчето на коренот или пак знаеш што значи некој само еднаш да ти бркни во тебе и да те остави со тежина за цел живот а тој да ја цапа дуњата заборавајќи дека некаде го запалил пламенчето на нов живот и ти велам не туку ломоти не ми кажувај како треба да ги довардам знам јас како се вардат оти угол сама го довардив тој што ги оплодил овие семчиња заминувај си од мојот сон остави ме да се соземам утре ќе ми треба многу сила сега си нашол да ме учиш што и како кога пред мене си само сенка!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Му го доверуваше големото богатство, единственото што го создаде во животот - колекцијата на илјада обработени примероци од флората и фауната, вистината на Езерото, да ги доварди во времињата што идеа.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Петра ѝ блазеше на Чана што го открила ова брложе каде таа ќе може да ги доварди дечињава додека не дојде нејзиниот закрилник Костадин.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Така бркани од силниот аскер членовите на востаничкиот штаб — Сарафов, Гарванов, Тале поп Христов, Лука Џеров (без Дамета), со стотина свои истоштени четници, — седеа еден ден под широките ели на Копанките, под самиот врв Кајмакчалан, длабоко замислени, не знаејќи какви мерки да преземат барем нивните глави да ги довардат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Живееше во симфониската тишина која умееше да ја оркестрира во животот, победувајќи ја горчливата осама крај верните таткови книги, наспроти разбеганите чеда, за кои сметаше сѐ уште дека ја беше испратил бог во животот да ги доварди, да ги спасува!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Животот тивко се ронеше крај татковите книги, со нови прамени бела коса, во таа голема семејна архива на нашиот живот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)