ги (зам.) - додели (гл.)

Работодавачот оваа обврска ја има пред да ги додели работните задачи на овие работници, посебно при суштинска промена на работните услови, при што мора да води сметка за изложеноста на физичките, биолошките и хемиските фактори и влијанија, како и видот, опсегот и начинот на користење на работните средства, постапки и организација на работата, нивото на стручна подготовка и обука на работникот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Вистинската награда и вистинските задоволства ми ги доделија читателите кои ме опсипуваа со пофалби.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ги засакав со сите разлики, противречности, кои од секогаш ги делат, но не ги доделуваат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На Акиноските им ги остави нивните поранешни отроци, петте домаќинства, со околу триесетина глави - Митроските, Ѕвездакоските, Бозоските, Ендоските и Перунските; новите жители на Дупка Станкоските, Аџиоските, Цолеските и Јанческите им ги додели на Јаузовци; Ризеските и Мицкоските на Муслиновци; Џокоските и Бубичоските на Алибеговци, и на Мустафовци Велјаноските.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Најпрвин бил водач на маски со кои се распоредувале бурињата со барут носени од места и по патишта што само тој и главарите ги знаеле, потоа му дале да определува деноноќни смени во работилниците за оружје, да бдее над мајсторите, да ги испитува пушките и камите и, според распоредот на бунтарскиот командант Кара-Тошо, да им ги доделува на нестрпливите чети на чие чело веќе стоеле војводи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога гратчето Негуш дало клетва дека ќе се крене на востание со повеќе села и со други гратчиња против челмоглавата Султанија со побелена брада од слични и поголеми востанија во Србија и во Грција, меѓу прочуените негушки јунаци по потекло Македонски Словени и Грци водени од Кара-Тошо, Ангел Гоцев, Зафирикис и уште неколцина долгомустаќести војводи, се нашол помеѓу побунетите луѓе и дотогаш мирниот казанџија Панделиј Каламарис.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)